МакедонијаНајново

МВР: Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште

Учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, не треба претходно да се отпишуваат од училиштата, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар. Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција. Со примените кандидати – родител, старател, законски застапник,

Министерството за внатрешни работи склучува договор за школување, а со истиот понатаму се регулираат процедурите и обврските кон училиштата во кои учеле прва и втора година – пишува во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons