Спорт

Македонски репрезентативец е МВП за октомври во Евролигата

Ти-Џеј Шортс е прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) во Евролигата за месец октомври, признание кое го доби благодарение на одличните настапи во дресот на Валенсија.

Македонскиот репрезентативец одигра девет натпревари во најелитното европско клупско натпреварување. На нив просечно бележеше 17,1 поен, 5,7 асистенции, 1,8 скокови и 0,9 украдени топки.

Шортс е трет најдобар стрелец и асистент во Евролигата, додека со индекс на корисност од 20,7 се наоѓа меѓу најдобрите двајца кошаркари во оваа категорија.

Неговите партии придонесоа Валенсија да оствари шест победи во текот на октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons