Македонскиот армиски тим со кучиња трагачи започна да извлекува преживеани од земјотресот (ФОТО)

Тимот на македонската војска составен од 24 армиски припадници од составот на баталјонот за специјални сили и двајца инструктори од командата за обука и доктрини со две службени кучиња, заедно со сите вклучени лица, го пребаруваат теренот во градот Кахраманмарас, кој се наоѓа во една од најтешко погодените огбласти од земјотресот, и пожртвувано се ангажираат на пронаоѓање и извлекување на преживеаните од под урнатините, соопшти Министерството за одбрана. 

Тимот пристигнал вчера попладнето и од денеска е на терен.

„Армиските припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на сојузничка Туркије.

Надеж дека во текот на пребарувањето ќе се спасат човечки животе каде секој момент е драгоцен, даваат и службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди“,се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons