Македонска црна хроника: Насилници со нож и секири нападнале цела фамилија

НККР-Прилеп поднесе кривична пријава против Р.А.(19), С.А.(36), С.А.(41) и С.А.(18), сите од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 08.05.2019 година околу 17,00 часот, во Прилеп на место викано „Три багреми“, пријавените под дејство на алкохол дошле пред куќата на Ф.С.(23) и започнале вербална расправија со него по што со нож, дрва и секири ги нападнале оштетениот, неговиот татко, неговата мајка и двете сестри нанесувајќи им повреди.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons