Се запали БМВ во движење на патот Скопје-Тетово

Во СВР Тетово вчера околу 22:25 часот е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово настанал пожар на возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Д.Д.(32) од тетовска Палатица.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека нема повредени лица во пожарот во кој возилото целосно изгорело.

Се расчистува случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons