МакедонијаНајново

 МАКЕДОНИЈА – ПОСЛЕДНА ВО РЕГИОНОТ ПО ПРИСТАПНОСТ ДО ЛЕКОВИ: Имаме најмалку регистрирани лекови

Загрижувачки податоци денеска изнесе Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во однос на пристапноста до лекови на македонските граѓани. Претседателката на овој Комитет, Александра Ивановска информираше дека според направеното истражуивање, Македонија далеку заостанува зад неколку земји од регионот кога станува збор пристапност до лекови.

-Македонија има многу ниска покриеност со лекови споредено со неколку земји од регионот, кои се земени како референтни, а тоа се Бугарија, Словенија, Хрватска и Србија. Податоците покажуваат дека Македонија има 80 отсто помалку од овие земји, истакна Ивановска. 

Кога станува збор за регистрирани молекули, што практично значи регистриран лек во земјата од одредена фармацвевтска компанија, споредено со дата базата на Европската агенција за лекови (ЕМА), која има дури 1028, Македонија едвај располага само околу 27 отсто. Конкретно во земјава се регистрирани само 278 молекули, а прв чекор лекот да стигне до пациентите е да биде регистриран во земјата, нагласи Ивановска.  

Таа истакна и дека од овој број само 66 вкупниот број регистрирани молекули се на позитивната листа на лекови.

-Загрижува и фактот што во Македонија позитивната листа на лекови не е ажурирана цели 14 години. Последното поголемо ажурирање беше направено во 2009 година. За разлика од нас, земјите во регионот, позитивната листа на лекови ја ажурираат на секои 6 месеци. За Црна Гора точно знам дека тоа се прави точно на 6 месеци, исто е и во Хрватска и во Бугарија, секако бидејќи тие се и чланки на Европската Унија, а во Србија оваа листа се ажурира еднаш годишно. 

Токму поради ваквата состојба, Американската стопанска комора во земјава презема низа активности, а целта е, како што беше кажано на денешниот брифинг, да се изборат македонското здравство да биде високо во агендата на сите чинители во државата.

-Свесни сме дека не може ништо да се промени преку ноќ, но конкретно, еве за оваа тема, лековите, има фармацевтски компании кои аплицираат да се внесат лековите на позитивната листа. Целта ни е заедничка, а тоа пристап до квалитетно здравство, пристап до квалитетни лекови, терапија, превенција…Дебати и дискусии за овие прашања ќе се отворат на претстојната Конференција за здравство во организација на Американската стопанска комора во Македонија, која е втора по ред, а е наречена „Поглед во иднината на здравствените системи“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons