Ковачки од собраниската говорница: Петровска е на седативи, конфузна и опседната

Министерката за одбрана Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и дискутабилно е дали може одговорно да ја извршува функцијата, рече од собраниската говорница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, повикувајќи се на документ од специјалист-психијатар, за кој што рече дега го поседува.

„На министерката за одбрана согласно извештај од специјалист психијатар, цитирам: Ѝ се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, има проблеми во мислењето, збунета е и конфузна, има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала. Почитуваната министерка според извештајот, чувствува бесцелност на нејзината активност и залагања и цели три месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир и нарушен сон. Министерката сама доброволно се јавила за преглед и доброволно ги вршела психијатриските прегледи, се констатира дека има оптеретен мисловен процес. На министерката ѝ е препишана и седативна терапија, односно 3 месеци е под седативи, изјави Ковачки.

Тој уште кажа дека Петровска не искористила ниту еден ден боледување, одела на работа и не чувствувала потреба да поднесе оставка и покрај констатираниот наод, а премиерот, како што рече, може и да не знаел дека во Владата има таков министер.

Тој го пораша премиерот Ковачевски дали смета дека поради сето ова Петровска треба да биде разрешена.

Меѓу другите квалификации кои ги изнесе Ковачки рече и дека не може да му се издаде безбедносен сертификат на „лице кое страда од ментална или емоционална состојба која може да предизвика значителни недостатоци на неговото расудување или доверливост и може да го направи лицето потенцијален безбедносен ризик“.

Петровска најави тужби за Ковачки и одговори дека е здрава и стабилна да одговори на сите прашања, исто како што е здрава и стабилна да одговори на сите лаги кои пратеникот упорно ги изнесува.

Една од тужбите против Ковачки што ги најави Петровска е околу неговите тврдења дека преставници на военото разузнување биле уапсени во Косово додека биле таму во тајна мисија.

Таа покажа официјален допис од косовските власти во кој, како што рече, стои дека таков настан воопшто не се случил, порачувајќи му дека, ако има сомнеж во нејзиниот капацитет да ја води одбраната да покрене интерпелација за неа, место да бара од премиерот Ковачевски да ја разреши со тврдењето дека била ментално и психички нестабилна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons