Во МНР молк – никој не објаснува зошто ќе се изнајмуваат возилата и до трипати поскапо

ВестиМакедонијаТоп вести

Во МНР молк – никој не објаснува зошто ќе се изнајмуваат возилата и до трипати поскапо

03.11.2023 15:31

Втор ден молк од МНР. Никој не ја објаснува големата разлика во сумите која министерството се обврзува да ја плати за изнајмување на возила за самитот на ОБСЕ во Скопје, споредено со регуларната цена по која обичен граѓанин би изнајмил возило од посочената фирма. Телма се обиде да добие одговори од надлежната институција, но безуспшено. На потег сега се и антикорупционерите кои за вакви слични случаи досега отвораа предмети по сопствена иницијатива. Во меѓувреме, јавноста гласно критикува во изминатите денови, откако на виделина излегоа сумите коишто се во прашање. Една од оние кои критикуваа е и универзитетската професорка Најчевска, која на социјалните мрежи напиша:

Што би направил добар домаќин во ситуацијата? Па може на пример да ги прибере сите автомобили со кои се возат коекакви функционерчиња и градоначалничиња наместо да изнајмува.“ 

Станува збор за 600 илјади евра за изнајмување на возилата во договор со фирмата АБЦ РЕНТ А КАР ТУРС, а предмет на договорот е и изнајмувањето на возилата за редовните потреби на МНР. Вкупниот тендер е во вредност од околу 960 илјади евра, за двете намени. За потребите на самитот на ОБСЕ е предвидено да се изнајмат минимум 35 вип патнички возила на 7 до 8 дена, кои не се постари од 2014 година. Цената за изнајмување на еден ден без ДДВ ќе го чини министерството околу 550 евра со пресметан данок. Во изминатите денови ниту премиерот Ковачевски не даде конкретен договор – дали е претерана сумата за ваквата намена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons