Првиот контејнер со контамирана земја со линдан од „ОХИС“ замина за Германија 

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска направи обиколка на локацијата во фабриката  „ОХИС” каде што е спакувана контаминираната земја со линдан (HCH) од малата депонија.

По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз, компанијата „Polyeco” денеска го почна транспортот на 126 тони земја контаминирана со линдан (HCH), спакувана во седум контејнери. Крајна дестинација на контаминираната земја е Германија, каде ќе биде испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип отпад.

„Со тоа завршуваат активностите во кои како имплементациона агенција учествуваше UNIDO. Во реализацијата на вториот лот е вклучена имплементационата агенција UNOPS со средствата обезбедени во Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина и веќе се ископани, спаковани и транспортирани до крајната дестинација за уништување 480 тони на HCH отпад од вториот лот. Во наредниот период се очекува да започнат активности за чистење на третиот лот за што во завршна фаза е евалуацијата по огласот за избор на изведувач за чистењето и се очекува во најскоро време постапката да заврши и избраниот изведувач да потпише договор со UNOPS“, информира Министерството за животна средина.

Досега се вкупно ископани, спакувани и извезени 960 тони HCH отпад од првиот и вториот лот, од кои 480 тони се веќе спалени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons