Македонија има светски шампион, Бобан Илиоски освои злато во кик-бокс

Македонскиот кикбоксер, Бобан Илиоски стана светски шампион откако во финалето на Мундијалот во Португалија го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0.

Илиоски го освои златото во категоријата до 86 килограми во дисциплината лоу кик.

Златото на Светското првенство за Бобан Илиоски е успех кој доаѓа по европската титула освоена минатата година.

На Светското првенство во Португалија учествуваа тројца македонски натпреварувачи, Илиоски е единствениот кој се враќа со медал. На првенството вкупно имаше 1.429 натпреварувачи од 77 држави. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons