Лотото останува омилена игра на среќа! Колку милиони евра Македонците уплатија лани во среќните топчиња?

Уплатените 3,6 милиони евра во 2022 година го прават старото добро лото најомилена играна среќа во Македонија. Кај гребките најбарана и убедливо најпопуларна е „Златна рипка 7“ која граѓаните ја гребеле за 450.000 евра. Дравната лотарија на Македонија лани особено се истакнала со својата општествена одговорност. Во донации и спонзорства компанијата дала 417.000 евра што е за 10 пати повеќе од 2021 годинаѝ

Граѓаните лани уплатиле вкупно 3,6 милиони евра во лото 7 и неговите деривати: џокер, кено, среќни топчиња. Од нив дури 2,5 милиони евра Македонците уплатиле за да ги остварат своите соништа и мечти и да добијат на лото 7, покажуваат официјалните податоци на независната финансиска ревизија од резултатите на „Државна лотарија на Македонија“.

Лотото е најстар и најпосакуван бренд од спектарот игри на среќа и гребки кои ги продава Државната лотарија на Македонија. Тоа го покажува и споредбата со другата игра на среќа „Џокер“ што треба да и биде главен конкурент. Таа лани во вкупните приходи дала придонес со 350.000 евра.

Од грепките на Државата лотарија убедливо најпродавана е „Златна рипка 7“ која на компанијата и донела приход од 450.000 евра за цела година.

Вкупните приходи од продажба на 21 игра на среќа кои ги организира Државната лотарија изнесуваат 5,4 милиони евра и во споредба со претходната 2021 година се пониски за само 3,5 отсто.

За да ги стимулира своите партнери кои продаваат грепки и примаат уплати за лото и другите игри Државната лотарија лани исплатила провизија во вкупна вредност од 1,1 милиони евра односно 20 отсто од својот приход од продажба. Износот на платени провизии е зголемен за 6,5 отсто во услови кога приходите од продажба се намалени за 3,5 отсто.

Анализата на финансиските приходи на Државната лотарија покажува дека компанијата остварува добивка благодарејќи на нето приливот од својата фирма ќерка „Државна видеолотарија на Македонија“. За претходната година од таму стигнал прилив вреден 8 милиони евра. А благодарејќи на тој прилив компанијата Државна лотарија на својот единствен акционер Владата и исплатила дивиденда вредна 5,8 милиони евра.

Државната лотарија не штеди на спонзорства и донации!

Интересен детал од финансискиот извештај е ставката што компанијата со која раководи Перпарим Бајрами е тоа што лани дале донации и спонзорства во вредност од 417.000 евра! Тоа е за 10 пати поголема сума за донации и спонзорства од таа што ја издвоиле во претходната 2021 година. Ова покажува дека лани приоритет од менаџментот бил даден на општествената одговорност на оваа успешна државна компанија.

За работата на своите 75 вработени лани оваа компанија исплатила 1,15 милиони евра односно просечно по вработено лице исплатила по 1.280 евра бруто плата и надоместоци.

Во споредба со претходната година трошоците за вработени кои ги исплатило друштвото се зголемени за 54 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons