Македонија без тројца ракометари на „Кроација купот“ во Пореч 

Тројца репрезентативци останаа во Скопје и не заминаа за Пореч на завршните контролни средби на Македонија, пред Светското ракометно првенство во Полска и во Шведска. 

За Филип Талески беше познато дека има мала повреда и дека нема да ризикува да игра до почетокот на СП. Поради болката во скочниот зглоб тој го прескокна и ревијалниот натпревар со ветераните на МКД и затоа остана да мирува. Покрај него во експедицијата во Пореч не заминаа и голманот Никола Митревски и левото крило Цветан Кузманоски.

Првиот доби дополнителен одмор, откако доцна во декември заврши со клупските обврски во Порто. Кузманоски е здрав и подготвен, но за ова патување Дејан Манасков и Петар Атанасијевиќ ја пополнија позицијата лево крило. Македонија ќе тестира со Хрватска и со Израел на 6 и на 7 јануари. СП за нас ќе почне на 13 јануари, кога ќе се пресметаме со Норвешка. Поддржано од: All Electric

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons