ЦЕНИТЕ ВО РЕСТОРАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА ЗНАЧИТЕЛНО ПОРАСНАЛЕ – на годишно ниво поскапувањето достигна 16,8 проценти 

Продолжува трендот на пораст на цените на угостителските услуги. 

Во декември 2022 година, цените поскапеле за 16,8 отсто во однос на истиот месец 2021 година, објави Државниот завод за статистика. Поскапувањето е поголемо ако се направи споредба за цела година, односно од јануари до демекврми 2022 година со истиот период во 2021 година, кога растот на цените на угостителските услуги е дури 12,3 проценти. 

– Според податоците на ДЗС индексот на цените на угостителските услуги во декември 2022 година, во споредба со ноември 2022 година, е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1 процент, Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто и Ноќевања за 0,7 проценти. 

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 16,8 отсто. 

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 12,3 отсто, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за 10,9 проценти – пишува во соопштението на ДЗС.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons