Ланишек победник на скокалницата во Гармиш Партенкирхен 

Словенечкиот ски-скокач Анже Ланишек го освои првото место во Гармиш Партенкирхен во рамките од турнејата „Четири скокалници“.

Во Гармиш-Партенкирхен се одржа втората станица од традиционалната турнеја „Четири скокалници“.

Ланишек беше најдобар во првата рунда скокајќи 136 метри со 144.6 поени, додека во втората скокна 137 со 151.2 поени. На крајот вкупно освои 295.8 поени што беше доволно да биде пред Јапонецот Рио Кобајаши (292.6) и Германецот Андреас Велингер (291.4).

На турнејата „Четири скокалници“ лидер Велингер со 600 поени, пред Кобијаши со 598.9, додека трет Штефан Крафт со 575.5 поени.

Натпреварувањето сега продолжува во Австрија каде што на 3-ти јануари е настанот во Инсбрук.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons