Експерти: Земјотресот во Јапонија го поместил тлото за 1,3 метри 

Јапонската агенција за геопросторни информации (GSI) ги анализираше податоците од GPS по земјотресот со јачина од 7,6 степени, а најголемото движење е забележано во градот Ваџима, на околу 1,3 метри на запад.

Експертите проценуваат дека силниот земјотрес што вчера ја погоди јапонската префектура Ишикава го помести тлото во регионот Ното до 1,3 метри на запад.

Јапонската агенција за геопросторни информации (GSI) ги анализираше податоците од GPS по земјотресот со јачина од 7,6 степени, а најголемото движење е забележано во градот Ваџима, на околу 1,3 метри на запад.

Движењето на земјата кон запад за околу еден метар е забележано во градот Анамизу, а за околу 80 сантиметри во градот Сузу, јавуваат јапонските медиуми.

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, вчера ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons