КСС од утре започнува со секојдневни протести пред Собранието и Владата 

Иако минималната плата е зголемена и натаму во јавниот сектор има вработени чии месечни примања се под износот од 18 илјади денари на колку што е законски утврдена најниската плата, велат од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) која од утре започнува со секојдневни попладневни протести. Утре во план е протестен марш од Собранието до Владата, кој ќе започне во 16 часот.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски вели дека ќе останат на улица се додека државата не ги исполни нивните барања за усогласување на платите со минималната плата.

„Доколку утре до 12 часот не се случи нешто, нема ветување за реализација на нашите барања, секој ден од 16 до 17 часот ќе протестираме. Овие денови речиси незабележително се донесе нов Закон за административни службеници во кој има срамно покачување на платите од 100 до 200 денари. Дел од јавната администрација се претвори во социјална категорија, доведена е на прагот на преживување во услови на секојдневен раст на цените и растечка инфлација“, изјави Ралповски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons