Во 2022 година во Македонија имало 1.613 разводи 

6.975 или 51.1 % од склучените бракови во 2022 година се во градските подрачја, а 5.907 бракови или 45.9 % во селските подрачја, покажуваат најновите податоци на Заводот за статистика.

Во градските подрачја имало 1.005 разводи, односно 62.3 %, додека во селските подрачја 608 разводи, односно 37.7 % од вкупниот број разводи.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.9 % имаат преселбите од село во град, наспроти меѓуградските преселби со 9.4 %. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 49.0 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.4 %.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 1.450 лица, а најмало во Југозападниот Регион, односно -172 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons