Трет меч за Начевски и Николов на ЕП за ракометари 

Денеска ќе стартуваат натпреварите од главната фаза во групата „1“, од 15.30 часот Унгарија ќе игра против Австрија, а од 18.00 часот Франција се соочува со Хрватска.

Ракометните возбудувања во „Ланксес Арена“ во Келн ќе завршат со мечот меѓу Германија и Исланд (20.30 часот), а истиот ќе го судат Начевски и Николов.

За македонскиот судиски пар тоа е веќе трет натпревар на ова ЕП, дуел кој е особено важен и за двете репрезентации бидејќи со пораз и дефинитивно една од нив драстично ги губи шансите за влез во полуфиналето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons