Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД, забраната се однесува и на неговата сопруга и децата 

Поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев се најде на црната листа на САД, објави Стејт департментот.

„Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси“, се вели во одлуката.

Оттаму додаваат дека со оваа одлука САД ја потврдуваат посветеноста за борбата против корупцијата која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.

Забраната за влез во САД се однесува и на сопругата и децата на Анѓушев.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons