ФОТО: Пунктот за фотографирање за лични документи е подготвен – сè уште не се знае кога ќе почне со работа 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пунктот за фотографирање за лични документи без закажување, во салата на ПС „Пролет“ е подготвен, но сè нема информација кога граѓаните ќе можат да одат за сликање.

-Деновиве системот ќе биде тестиран, а јавноста навремено ќе биде известена за отпочнување на процесот со кој овозможуваме на граѓаните во определениот законски рок, 12 февруари 2024, да ја поминат задолжителната  процедура, велат од МВР.

Инаку, пункотот доби поддршка од компанијата БРАКО која изработи 20 паравани кои се користат во овој пункт.

-Благодарност до општествено –  одговорната компанија БРАКО, која излезе во пресрет на МВР и на граѓаните и за да се забрза  процесот на подготовка на салата од страна на БРАКО беа изработени и донирани 20 паравани за фотографирање за лични документи, се вели во дописот од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons