Ковачки: Нелегитимниот премиер не може да ја сфати нелегитимноста на истрагата што сам на себе си ја прави директорот на АНБ

Драган Ковачки: Внатре-партиските и криминални игри на СДС, како и нестручното менаџирање ја срушија АНБ.

Државата мора да има безбедносни служби на кои може да смета тогаш кога е најпотребно, а не истите да бидат компромитирани од кадри на кои најзначајно им е да рекетираат и да се занимаваат со опозицијата.

Повторно паднавме како систем уште на самиот почеток.

Кога веќе во јавноста излезе скандалот со издавање на државјанство на Онишченко, премиерот мораше да го разреши првиот човек веднаш затоа што во негова надлежност е назначувањето на првиот човек на АНБ, а не да ја префрла одговорноста на собраниска комисија чија пак работа свесно е закочена од министерство што е под контрола на Владата.

Каде е политичката и кривичната одговорност? Каде е моралната одговорност?

Ова е типично однесување на СДС – нема одговорност, има само разводнување на темата и на крај игнорирање.

Свесен ли е Ковачевски дека неразрешениот Виктор Димовски има можност и дека лично влијае на истрагата бидејќи е се’ уште актуелен директор на АНБ?

Нелегитимниот премиер не може да ја сфати нелегитимноста на истрагата што сам на себе си ја прави директорот на АНБ.

Свесен ли е трајно неспособниот премиер дека со тоа што го чува на позиција директорот кој неспорно ја доведе државата во незавидна позиција во однос на сојузниците и партнерите, дека на тој начин го фрла сомнежот врз себе дека и тој како премиер е лично замешан во нелегалноста, нелегитимноста а најверојатно и криминализираноста на постапката за државјанство.

Дали непостапувањето, односно неразрешувањето на директорот не е основа за реакција и на други институции?

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons