Ново финале за Ѓорческа во Грција 

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со 2-0 ја победи романската тенисерка Миријам Бјанка Булгару и се пласираше во финалето на турнирот во Ираклион, Грција. 

За шест дена ова беше втор меч меѓу Ѓорческа и Булгару, претходно двете се сретнаа во финалето на турнирот кој се одржуваше на истото место, Македонката го доби и тој дуел. Денеска Ѓорческа првиот сет го доби со 6-4, а во вториот се играше и тај-брејк во кој нашата тенисерка беше подобра со 7-6 (7-5). Ѓорческа во утрешното финале ќе игра против руската тенисерка Макарова која е петти носител на турнирот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons