Меѓаши алармира за психолошката состојба на децата, за два месеци се јавиле 10 деца кои размислувале за самоубиство 

Овие слики на скопските улици се секојдневие. Често гледаме мали бебиња кои се злоупотребени од родителите кои просат. Еден родител сподели искуство кога сакал да пријави случај за малтретирање на едно бебе и вели дека на повиците не му одговорила ниедна институција освен Меѓаши. Со тоа таа заклучува дека во земјава институциите не постапуваат како што треба во врска со пријавувањето насилство врз децата.

За само два месеца во текот на изминатата година во детската амбасада Меѓаши се јавиле 10 деца кои размислувале за самоубиство. Во годишниот извештај за 2023 на Ало Бушавко на Меѓаши имало вкупно 307 повици за проблеми со менталното здравје, повреди и семејни односи.

Драги Змијанац, претседател на Меѓаши апелира до надлежните институции за сериозна интервенција бидејќи, како што вели, менталното здравје на децата е значително нарушено во последниве години, покажуваат извештаите на амбасадата.

Според возрасната група, повеќето од пријавите се од деца од 13 до 15 години, потоа од 10 до 12 и на трето место, деца од 7 до 9 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons