Кишињев ги отфрли тврдењата на Москва за наводен планиран украински напад на Молдавија

– Молдавија ги отфрли тврдењата на руското Министерство за одбрана дека Украина планира напад врз отцепениот молдавски регион Придњестровје по вооружена провокација и повика на деескалација на тензиите.

Министерството за одбрана на Русија ја обвини Украина дека планира вооружена провокација во самопрогласениот регион во Молдавија, за која би ги обвинила руските сили.

Молдавската Влада објави соопштение на Телеграм во кое се прецизира дека државните власти ги отфрлаат тврдењата на Моксва.

„Повикуваме на смиреност и информирање на јавноста од официјални и кредибилни извори на Република Молдавија. Нашите институции соработуваат со странски партнери, а во случај на закани за државата, јавноста ќе биде навремено информирана“, се вели во соопштението.

Молдавскиот министер за надворешни работи Нико Попеску вчера изјави дека поранешната советска република, која граничи не само со Украина, туку и со Романија, членка на НАТО, е подготвена за „целосен опсег на закани“ од Русија.

– Секако дека имаме ограничени ресурси, но во исто време не сме сами во ова, додаде Попеску.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons