Во Ливерпул се одржал состанок, Клоп пред отказ?

Зад Ливерпул е една од најлошите сезони во поновата историја на клубот, не само што од поодамна не се во трката за титулата во Премиер лигата, туку се и дури седум бодови одалечени од топ четири.

И кога тоа би било единственото натпреварување сезонава во кое Ливерпул нема успех, веројатно немаше да биде вклучен алармот на „Енфилд“. Меѓутоа, Ливерпул веќе испадна од ФА Купот и Лига Купот, а сега по првиот осминафинален натпревар во ЛШ е пред елиминација во осминафиналето.

Англискиот портал „CaughtOffside“, медум за кој ексклузивни колумни пишуваат новинари како Фабрицио Романо и Кристијан Фалк, тврди дека раководството на Ливерпул веќе одржало состанок и разговарало за можно заминување на Клоп.

Германскиот стратег бил означен како главен виновник за оваа ситуација и неименуван извор од клубот им открил дека во Ливерпул сметаат дека е потребно освежување на тимот и замена на Клоп.

Веќе се споменува и негов можен наследник, а тоа Јулијан Нагелсман. 35-годишниот стратег го води Баерн Минхен и има уште три години од договорот, меѓутоа наводно би бил спремен да прифати предизвик во Премиер лигата ако добие понуда.

За голем дел од навивачите на Ливерпул, прашање е само дали Клоп ќе добие отказ или Ливерпул ќе го почека сам да си поднесе оставка од почит кон она што го направи за клубот во последните осум години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons