Капитените не можат да носат лента со виножито, но новинарката Алекс Скот си стави една на раката (ФОТО) 

Британската новинарка на Би-Би-Си, Алекс Скот која известува директно од Мундијалот во Катар, денеска стави капитенска лента на раката со боите на виножитото во знак на поддршка на ЛГБТ заедницата. 

Англија, Холандија, Велс, Данска… сакаа капитените да им носат ленти со боите на виножитото како поддршка за ЛГБТ заедницата. На тој начин сакаа да искажат протест поради непочитувањето на човековите права од страна на катарските власти. Но, ФИФА им се закани со жолти картони. Кој ќе носи таква лента ќе добие жолт картон на почетокот од мечот. Тоа ги предомисли репрезентациите. Но, англиската новинарка, Алекс Скот го направи тоа што ФИФА им го забрани на фудбалерите. Носеше таква лента од денешното известување од мечот меѓу Англија и Иран.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons