И вечерва патот кон Шапка со видливост од само педесетина метри

Магла со видливост од 40 до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопштија вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, се наведува во соопштението.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

„Особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, се нагласува во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons