Израел: Нема повеќе борби, сите населени места под контрола

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари денеска соопшти дека во моментов нема повеќе борби на територијата на Израел.

Според неговите зборови, кои ги пренесе „Гардијан“, израелските сили ги контролираат сите населени места. Тој сепак не ја исклучи можноста на територијата на Израел да има повеќе милитанти на Хамас.

Од саботата, кога палестинската милитантна група Хамас започна напади врз Израел, во судирите се убиени повеќе од 1.200 Израелци и Палестинци, а повеќе од 4.000 се ранети.

Израел од вчера и официјално е во воена состојба, а израелските одбранбени сили (ИДФ) гаѓаат цели во Појасот Газа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons