Исланд е најбезбедна земја во светот, еве на кое место е Македонија 

Глобалниот индекс на мир (GPI) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, кое го креираше Институтот за економија и мир. Така, најбезбедна земја во светот за 2023 година е Исланд, додека Македонија е на 38. место.

GPI ги рангира земјите според широк спектар на фактори, од нивоа на насилство и криминал до тероризам и меѓународни конфликти. Овој извештај ја претставува најсеопфатната анализа заснована на податоци за трендовите во мирот, економската вредност и начинот на кој се развиваат мирните општества.

Исланд го зазеде првото место на овогодинешната листа. Читателите кои го следат GPI низ годините нема да бидат особено изненадени – Исланд е на врвот на истражувањето секоја година од 2008 година.

Благодарение на ниската стапка на криминал, но и ниската воена потрошувачка и ниската стапка на меѓународни конфликти, Исланд е најбезбедната земја во светот.

Втора на листата беше Данска, делумно поради ниското ниво на владина корупција, додека трета е Ирска, која скокна за пет места од истражувањето во 2022 година.

Босна и Херцеговина е на 61 место, кога станува збор за земјите од Балканот, најдобро позиционирана на листата е Словенија која е на 8 место, Хрватска е на 14, Црна Гора е на 45. место, а Србија на 65. позиција.

Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан се меѓу најнебезбедните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons