Заврши увидот во културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола 

Комисијата за заштита и спречување на дискриминација денес изврши увид во бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола како потенцијално правно лице – дискриминатор.

Членот на комисијата Весна Бендевска потврди дека контролата се прави по претставка на здружение на граѓани кое го пријавело Клубот за дискриминација, но поранешната пратеничка не сакаше да изнесува други детали.

„Комисијата не дава и не прејудицира наводи. Ќе се произнесе штом претставката заврши. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи , потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на веб-страницата’, рече поранешната пратеничка.

За време на увидот присутен беше и бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons