Вештачкото ѓубриво станува луксуз! Досега поскапе 300 отсто, како ќе се прехраниме? 

Воената криза во Украина, се поочигледната поделба на континентот и санкциите за Русија од речиси сите европски земји го зема данокот. Поскапи горива, екстремно поскап природен гас од Русија, поскапа струја, зејтин од сончоглед нема ни за лек, а брашното и пченката со прехранбена конзумација имаат се повисоки цени.

Земјоделците се пред големи искушенија кај нас, во целиот регион, а и во цела Европа. Сите влади имаат судни маки да прават акробатски „скаламуции“ за да обезбедат некакви стимулации за земјоделците да продолжат да ги хранат своите нации.
Во Македонија земјоделското производство особено она на житарици станува тешко подносливо за земјоделците. Вештачките ѓубрива последнава сезона предизвикани од галопирачките цени на плинот (природниот гас) во нашата малопродажна мрежа поскапеа до 300 отсто. Ако една вреќа ѓубриво уреа се продавала за 600 денари на последната есенска сеидба достигна цена од 1.500 денари. Паралелно со тоа постојано расте и цената на нафтата која е неопходна на земјоделците. Пред претстојната пролетна сеидба во која во Македонија се сее само оризот од житните култури вештачкото ѓубриво сега се продава по цена од 30 евра за вреќа, а лани пред сеидбата беше околу 500 денари.

Состојбата со производство на храна во Македонија веќе станува сложена со особено силно негативно влијание на увозната компонента. А што значи тоа?

Па дека увезуваме готова храна, но и расаден и семенски материјал и најважното вештачко ѓубриво затоа што велешки ХИВ или народски именуваната азотара одамна е само споменик на едно минато и просперитетно време во кое наша Македонија имаше заокружен земјоделски циклус во кој произведуваше се освен трактори.

Министерот за земјоделство Љупчо НИколовски соопшти на 4 март дека е договорено преку планираната Програма за интервентен фонд, да се обезбеди финансиска поддршка за производителите на житни култури односно за надополнување на разликата на цените за ѓубриво и на останатите репроматеријали а се со цел да се анулираат зголемените трошоци за ѓубрива, за земјоделците да имаат рентабилно производство во овие услови на зголемени цени на репроматеријалите.

За оваа намена преку интервентниот фонд кој за прв пат се воведува оваа година, се планирани околу 120 милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на трошоците за ѓубрива. Конкретно, според анализите поради регистрираниот пораст на цените на вештачките ѓубрива планирана е поддршкаод 2.500 денари по хектар за направен трошок за набавени вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons