Актуелно

Изминатото деноноќие уапсени 14 возачи – од нив двајца се малолетници

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициските службеници лишиле од слобода 14 возачи и со двајца малолетници бил извршен службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, информираат од МВР.

Од нив, како што се наведува во соопштението, 13 управувале возило без положен возачки испит и тоа: З.Т.(39), М.Л.(22), Х.В.(23), Б.Ф.(24), сите од Скопје, Х.Д.(19) од с.Морани, скопско, М.Т.(29) од Прилеп, В.И.(18) од Битола, Р.Н.(47) од с.Брезница, општина Македонски Брод, И.Ѓ.(42) од Кочани, Г.Н. (46) од Кавадарци, Ш.Р.(34) од Тетово, Б.А.(26) од Гостивар и Л.Ф.(22) од село Чегране, гостиварско, кој удрил во паркирано возило.

Исто така, со двајцата малолетници од Велес, во присуство на родител бил извршен службен разговор затоа што управувале мопеди без возачка дозвола, додека пак, под дејство на алкохол управувал Д.Ј.(39) од Делчево.

По целосно документирање на случаите, од МВР најавија дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачаа оттаму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons