Изгласани измените на Законот за игри на среќа со кои обложувалниците се селат на 500 метри од училиштата

Собранието со малцинско мнозинство ги изгласа дополнувањата на Законот за игри на среќа и забавни игри со кој обложувалниците ќе мора да се оддалечат од училиштата на најмалку 500 метри и да работат во простории кои ќе им ги дозволи Министерството за финансии.

На денешната седница при гласањето порисутни беа 61 пратеник, а гласаа 56, од кои 55 се изјаснија позитивно, а еден беше воздржан.

Членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) денеска на протест пред законодавниот дом повторно го изразија својот револт од усвојувањето на законот, за кој пратениците на пленарна седница треба да се изјаснат во врска со измените на Законот за игрите на среќа.

Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии, како и да бидат оддалечени од училиштата најмалку 500 метри.

Горан Стојменов, претставник на АПИС, рече дека одредбата за дистанцирање на објектите на игри на среќа не е за заштита на младината, како што тврдат од Владата, туку како што рече станува збор за предизборен популизам.

– Срамно е да се тврди дека пратениците се залагаат за полноправно членство во ЕУ, кога со злоупотреба на тоа знаме, со антидемократски и антиевропски манипулации се истуркуваат законски измени кои ќе го затворат најголемиот приватен работодавец во Македонија, рече Стојменов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons