ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: во едно деноноќие три жртви во пожари во Македонија

Три лица го загубија животот во пожари во различни региони од нашата земја. Како што соопштија од Центарот за управување со кризи, една жртва е пронајдена по по пожар на штала во село Оџалија, општина Карбинци. Починат жител е најден и по пожар на куќа во село Косевица, Штип. Претходно, како што објавивме, по палење на сува треба на нива животот го изгуби шеесет и осум годишен жител на село Одрено Ранковце. Како што соопштуваат од ЦУК, регионалниот центар на Штип соопштил дека има една жртва и при пожар на штала во с. Оџалија во Општина Карбинци. – По добиената информација за пожар, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за запалена штала, околу пладне, и интервенцијата на пожарникарите е добиено известување дека едно лице настрадало при тој пожар во с. Оџалија во Општина Карбинци. Настраданиот бил пронајден внатре во шталата, каде што најверојатно се задушил од чадот прво, а потоа и изгорел во пожарот до степен на непрепознатливост на идентитет и возраст – соопштуваат од ЦУК. На терен биле излезени пожарникарите на Територијалната противпожарна едница (ТППЕ) Штип и припадници на МВР од СВР Штип, од коишто веста е потврдена за ЦУК, а истрагата е во тек. Двете служби, субјекти во Системот за управување со кризи се излезени на лице место и вршат увид за причините на настанатиот пожар, а според стандардните оперативни процедури, секако и доктори од Итната медицинска служба и Јавен обвинител ќе бидат вклучени во истрагата до конечниот извештај за оваа трагедија, прецизираат од Центарот. Претходно беше објавено дека има жртва при пожар на куќа во с. Косевица во месноста „Реката”. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Косевица, во месноста „Реката”. Интервенирано е со две протипожарни возила. – Причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата што била во негова сопственост. Според првичните информации од терен, жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата – соопшти ЦУК. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons