Зошто Ердоган одбива да ѝ заврти грб на Русија? 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан не е единствениот европски лидер кој го одби барањето на првиот човек на Украина, Владимир Зеленски, за воведување санкции кон Русија. Истото го направи и Реџеп Таип Ердоган, па Турција не само што не воведе санкции кон Москва туку и не го затвори небото за руските авиони или пристаништата за јахти на руските олигарси.

Ердоган го објасни отфрлањето на санкциите со тоа што рече дека Турција зависи од увозот на пченица од Русија, но и руските туристи, кои се меѓу најчестите гости на турското крајбрежје.

Прво, не можам да го оставам мојот народ да замрзне во зима, и второ, не можам целосно да ја рестартирам нашата индустрија, рече Ердоган по враќањето од самитот на НАТО во Брисел во четвртокот.

Шефот на Турција додаде дека „не може да ги остави на страна односите со Русија“ и нагласи дека половина од природниот гас што Турција го користи доаѓа од таа земја. Како дополнителна причина тој го наведе проектот за изградба на нуклеарната централа Акуја, која Турција ја гради со Русија. Ердоган дури тврди дека овие аргументи му ги презентирал на францускиот претседател Емануел Макрон и дека тој „му рекол дека е во право“.

Имаме земја од 85 милиони жители. Имаме секакви обврски. Освен тоа, испративме 56 камиони со хуманитарна помош за Украинците. Ги снабдуваме со храна, облека, лекови. Испораките ќе се зголемат, рече Ердоган.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons