Зимскиот распуст да трае два месеци – Градоначалници со предлог за штедење струја 

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами смета дека зимскиот распуст во училиштата треба да се продолжи на два месеца, но не само за време на енергетската криза, туку и потоа, со цел поголемо штедење.

-Изготвуваме ист допис до Влада за тоа да важи за сите училишта, бидејќи сметаме дека не само сега за време на енергетската криза во која се наоѓа државата и треба да штедиме, туку сметаме дека вакво нешто е потребно согласно најдобрите европски искуства. Зимскиот распуст треба да се продолжи со цел и децата да можат да го планираат нивниот одмор, но сега во енергетската криза мислам дека ова е најсоодветно. Јас ќе бидам во комуникација со градоначалникот на општина Гостивар со цел истата иницијатива да ја продолжиме и преку заедниците на локалната самоуправа, рече градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами.

И првиот човек на Гостивар, Таравари претходно побара зимскиот распуст да трае два месеца – декември и јануари, со цел штедење на струја. Вели дека предлогот го доставил до Министерството за образование, а идејата наишла на поддршка од многу градоначалници.

-Доставивме предлог како општина Гостивар до сите општини и до ЗЕЛС, но и до Министерството за образование годишниот зимски распуст да трае два месеца. Ова го направивме официјално и добив бројни повици од многу градоначалници на други општини. Мојот апел до Министерството за образование би бил да го разгледаат уште еднаш барањето за зимскиот распуст со единствена цел – да се заштеди струја. Годишниот распуст да биде во декември и јануари кога се најстудените месеци, конкретно во нашите општини, вели гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари.

Пред неколку недели, општина Гостивар презеде мерки за штедење електрична енергија.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons