Масовна потрага по исчезнат крушевчанец: Вклучен хеликоптер, стотици армиски припадници, стручни лица и доброволци!

Потрагата по 64-годишен маж од Крушево, кој бил пријавен за исчезнат од четвртокот, трае веќе неколку дена, и се вклучени голем број на капацитети.

Како што информираат од ЦУК, по мажот кој бил со нарушено психичко здравје, трагале десетици полициски службеници од ОВР Крушево, лица од единици за брзи интервенции од ДЗС, екипа на МВР со куче трагач, ловно друштво со околу 60 ловеџии, вработени во РЦУК Крушево, екипа од Шумската полиција, околу 50 доброволци, а бил вклчен и хеликоптерот на МВР.

Се трагало во селски населени места, шумски појаси, како и во градот, во колиби, во напушетни куќи, штали и слично.

-По барање на градоначалникот на Општина Крушево до Центарот за управување со кризи денеска во потрага во Крушевско по исчезнатото лице Киро Пупоноски, се вклучуваат и сили на Армијата на Република Северна Македонија, со 100-тина армиски припадници и едно куче трагач, а и соодветни материјално-технички средства,. Министерот за одбрана и Началникот на Генералштабот одговорија позитивно на барањето. Инаку, потрагата трае во континуитет од самото пријавување во МВР, од 14:45 часот во Полициската станица (ПС) Крушево во четвртокот (22.12.2022 година) – објавија вчера од ЦУК. На денот на исчезнувањето мажот бил облечен во црна блуза и црни тренерки со бели линии и носел очила.

Денес пак, како што за ,,Фокус” известија од ЦУК, во потрага по лицето биле вклучени 50 припадници на армијата и уште стотина други лица, помеѓу кои имало доброволци, но и стручни кадри.

-Хеликоптерот се користеше во потрагата два дена, денес не е вклучен. Освен овие стотина лица, по крушевчанецот трагаат и кучиња трагачи – изјавија од Центарот за управување со кризи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons