Земјотрес почувствуван во Охрид и Преспа

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 09.10.2022 година регистрираше земјотрес 130 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Елбасан, Р. Албанија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 57 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.9 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид и околината.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons