Мицкоски на промоција на Градски воз: Ова е чекор напред, ќе реализираме уште многу проекти за граѓаните
Би сакал да ја искористам оваа можност и да им честитам на сите оние коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на луѓето од неговиот кабинет, се разбира, на луѓето од „Македонска железница, инфраструктура и транспорт“, на директорите коишто лично беа фокусирани и насочени при реализација на овој проект, на колегите од Владата, се разбира, министрите и замениците министри, за реализацијата на проектите коишто се дел од Програмата на Владата. Впрочем, и ова е еден таков проект.
Исто така, би сакал да се заблагодарам на секој оној којшто вложил атом енергија од своето време за да може ова денеска да стане реалност. Навистина една година е прилично брз период за да се реализира овој проект, којшто можам вака од лично искуство да кажам дека условите во коишто денеска ја поминавме делницата од Зелениково до оваа Централна железничка станица во центарот на Скопје, се навистина европски.
Дали со ова ги решаваме сите проблеми на светот коишто во суштина ги имаме? Нема да ги решиме, но дали е ова чекор напред? Да, е чекор напред во делот на решавање на дел од проблемите со кои што се соочуваме, посебно во транспортот и посебно во делот на заштитата на животната средина и загадувањето, имајќи предвид дека пред нас е и грејната сезона и предизвиците коишто доаѓаат со таа грејна сезона.
Генерално сите технички параметри коишто се поврзани со самиот проект веќе претходните говорници ги напоменаа, јас би сакал само да кажам дека продолжуваме и понатаму да ги реализираме проектите за коишто сме ја добиле довербата од народот.
Тоа е многу важно, затоа што преку реализацијата на проектите вие стекнувате кредибилитет, а преку кредибилитет ја менувате и перцепцијата за самата држава и за системот којшто го управуваме како Влада.
Сакам да се заблагодарам и на медиумите кои што ја следите работата на Владата, реализацијата на овој тип на проекти, и да посакам уште многу проекти во следните денови да можеме заеднички да посведочиме како се реализираат и отпочнуваме со нивно понатамошно користење.
Благодарност уште еднаш до сите коишто беа вклучени во овој проект. Повторно ќе кажам, до потпретседателот на Влада и министер за транспорт, до заменикот-министер за транспорт, до сите вработени во Министерството за транспорт, до директорите во „Македонска железница, инфраструктура и транспорт“, до управните одбори, вработените во тие институции, градоначалникот на Град Скопје, градоначалниците од Градот Скопје, но и до градоначалникот од Зелениково кој е тука денеска со нас, кој исто така даваше несебична поддршка при реализација на овој проект.
Впрочем, и жителите на Општина Зелениково ќе бидат корисници на оваа линија и за многу кратко време од Зелениково ќе се стига во центарот на Скопје.
И уште многу вакви проекти да ни се случуваат.



