АктуелноСвет

Земјотрес од 7,4 степени во Тајван. Срушени згради, има жртви и заробени под урнатините

Тајван го погоди силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, најсилниот во последните 25 години. Неколку згради се урнати. Најмалку четворица мртви, а има и заробени под урнатините.

Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот.

Земјотресот, кој предизвика прекин на електричната енергија во главниот град Тајпеј, се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри кај јужниот брег на Тајван, соопшти државната сеизмолошка служба.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons