Во Скопје регистрирани 312 случаи на голема кашлица, се следи состојбата во Куманово 

Вкупно 312 случаи на голема кашлица се регистрирани во Скопје годинава, за МИА утрово потврди доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Во главниот град на државава се уште е во тек епидемијата на пертусис или народски кажано голема кашлица.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА рече дека се следи состојбата со голема кашлица и во Куманово, каде има зголемување на бројот случаи.

– Во врска со пертусисот, се забележува зголемување на бројот случаи во Куманово. Комисијата за заразни болести ја следи состојбата и доколку има потреба од дополнителни мерки, истите ќе ги препорача, нагласи Мехмедовиќ.

Тој кажа оти нема зголемување на бројот случаи регистрирани со грип или болест што наликува на грипот. 

– Се работи за вообичаена фреквенција на новодетектирани, заболени во овој период од годината. Тоа не е нешто што треба да не загрижува, додаде Мехмедовиќ.

Центарот за јавно здравје Куманово вчера прогласи епидемија на пертусис на ниво на ова подрачје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons