За време на пандемијата богатите станаа уште побогати

За време на пандемијата на коронавирусот, десетте најбогати луѓе во светот станале уште побогати. 

Нивниот капитал е двојно поголем. Британската хуманитарна организација Оксфам бара итна акција за борба против глобалната економска нееднаквост.  Две третини од новото богатство стекнато од почетокот на пандемијата отишло во рацете на еден процент од најбогатите луѓе во светот. Најбогатите собрале дополнителни 26 трилиони долари на крајот на 2021 година, јави „Гардијан“.

Тоа е 63 отсто од парите од вкупното новостекнато богатство, а остатокот отишол во рацете на 99 отсто од населението на планетата. Но, проблем е што сиромашните остануваат без заштита, односно во светот има и луѓе кои умираат без храна. Секоја година милиони луѓе само во Африка страдаат за храна. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons