ЕСМ испрати повисока цена за струја до ЕВН 

АД ЕСМ на тендерот за набавка на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи за 2024 испрати купопродажна цена од 57 евра за мегаватчас, за покривање на 95 отсто од вкупно планираните количини на ЕВН Хоме. Оваа цена е за околу 7,5 проценти повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач која беше со висина од 53 евра.

Останатитите количини ќе ги покрие ЕСМ но по цена од 120,01 евра за мегаватчас. За покривање на загубите на електрична енергија, Електродистрибуција доби најповолна понуда од АД ЕСМ, и тоа по цена од 105 евра за мегаватчас. Претходно оваа цена изнесуваше 100 евра за мегаватчас. 

„ Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри. Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“, соопштија од ЕВН Хоме.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons