Ескобар: Македонија е екстремно добар НАТО сојузник, таква ќе биде и во ЕУ 

Сакаме да ги видиме Скопје и Софија во мирна и стабилна врска – САД силно ја европската интеграција на земјава и ќе поддржи се што ќе ја однесе Македонија во ЕУ на брз и мирен начин, порача Габриел Ескобар, специјалниот американски претставник за Западен Балкан, на брифинг со новинари. На прашање како ги оценува односите меѓу Скопје и Софија, особено по последните закани дека Бугарија може да го обнови ветото врз Македонија, Ескобар порача:

Двете земји се вредни НАТО членки и сакаме да видиме дека имаат мирна и продуктивна врска. Сега ќе кажам за Северна Макеоднија, ние силно ја поддржуваме интеграцијата на Северна Макеоднија кон Европската Унија што е можно побрзо и ќе поддржиме се што ќе ги однесе таму брзо , се што ќе ги однесе таму мирно. Ние ќе продолжиме да работиме со владата на Северна Макеоднија, да им помогнеме да ги постигнат своите аспирации. Тие се екстремно добар НАТО сојузник и можам да ја уверам ЕУ дека тоа ќе бидат, како членка на ЕУ, тие ќе бидат продуктивна, сигурна, членка на ЕУ откако ќе влезат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons