Ескалира ситуацијата во М-НАВ, најавени масовни откази на контролорите за летање

Невиден хаос се случува во М-НАВ откако претседателот на синдикатот Александар Тасевски најави депонирање на откази на околу 30 луѓе воглавно контролори за летање. Тој кажа дека оваа ситуација е крај дека веќе не може да се продолжи да се работи на ваков начин со притисок кон вработените. Тој напомена дека ова е првиот чекор, а штрајк ако се организира тоа ќе биде веќе тотално затворање на македонското небо.

– “ Од денеска ќе се започне со депонирање на оставки од сите контролори на летање од сите оние кои имаат раководни позиции, инструкториски функции, шефови на смени. Ќе почне нивно повлекување од сите проекти на кои тие се вклучени. Со самото тоа ќе се даде поддршка не само на мене како претседател на овој синдикат туку ќе се даде поддршка на сите оние активности на синдикатот на летање како и на оние чекори кои следуваат понатака. Ќе се даде воедно поддршка на сите оние инженери и техничари кои ги депонираа своите оставки од позиции и места во проекти како такви“ рече Тасевски.

Тој посочи дека тие дефинитивно почнуваат да се окрупнуваат како бројка на луѓе кои застануваат во заштита на институцијата и во заштита на професионализмот а пред се во заштита на безбедноста на воздушниот сообраќај кој не трпи компромиси по никаква цена и тоа мора да се сочуваме.

Ескалација на ситуацијата на М-НАВ кулуминараше вчера каде по пријава на двајцата директори во институцијата поради закани, претседателот на синдикатот Александар Тасевски беше повикан во полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons