Грипот, загадениот воздух и ковидот ги полнат клинките во Скопје

Во последните 24 часа на Инфективната клиника се прегледани 22 лица со симтоми на грип, а вкупно 47 од почеток на годинава информираше директорката Милена Стевановиќ.

На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест.

– Имаме вкупно четири пациенти на клиниката, рече Стевановиќ.

Дека ковидот е уште присутен во Македонија потврди директорот на Институот за јавно здравје Шабан Мемети.

Тој кажа дека од од 25 до 31 декември се регистрирани вкупно 72 случаи на Ковид-19 од кој најмногу од случаите се во Скопје 39, па следува Прилеп со 12 и Охрид со 10.

И детската клиника „Козле“ е оптеретена периодов. Таму на дневно ниво има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти.

Доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар во оваа болница за МИА изјави дека во моментов има околу шеесетина хоспитализирани деца.

– Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, појасни Поповска.

Таа додаде дека и во декември ги имале приближно истите бројки на пациенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons