Елмас откри која му е омилена позиција и порача: Не сум играл само уште како голман 

Елиф Елмас вели дека неговата омилена позиција е офанзивен играч во средниот ред, но се адаптира на секоја улога, најважно му е да игра редовно.

Елиф Елмас денеска разговараше со Радио Кис Кис, Македонецот доби прашање за неговата омилена позиција, со оглед на тоа што пополнува неколку места во формацијата на Наполи.

„Не сум играл само уште како голман… нo не му кажувајте на Оспина, ќе се налути“ – вели Елиф Елмас со насмевка на лицето.

„Преферирам да сум офанзивен играч во средниот ред, но одлично се чувствувам и како лево крило. Се адаптирам на секоја позиција, најважно е да се игра редовно“.

По доаѓањто на Лучано Спалети, Македонецот ужива поголема минутажа во „синиот“ дрес.

„Тренерот ме сака а и јас него. Многу работи се променија по неговото пристигнување во клубот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons