ЕК бара суспензија на фондовите наменети за Косово

Европа презема мерки против Косово, откако на северот имаше тензии, а властите беа опоменати дека е потребна деескалација. Европската Комисија (ЕК) ќе побара суспензија на фондовите наменети за Приштина. 

Генералниот директор на Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување, Јан Герт Копман денеска во Брисел изјави дека ќе предложи листа на санкции за властите во Приштина поради непочитување на барањето за деескалација во северно Косово.

БЕТА јави дека санкциите вклучуваат стопирање на работата на телата во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација, ќе го прекинеме финансиското планирање за Косово и инвестициските предлози за Западен Балкан. 

Тој додаде дека за Косово ќе биде прекината поддршката преку процесот на јавни набавки и потпишувањето на нови договори, како и посетите на високо ниво.

Косовските власти не одговорија на барањата на претставниците на ЕУ за понатамошни чекори и затоа ЕК ќе воведе привремени санкции. 

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека натамошната ескалација на Косово и Метохија не е опција и дека е време да се смени курсот.

Зборувајќи во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за можните последици за двете страни, Лајчак кажа дека за тоа ќе одлучуваат земјите-членки на Европската унија.Премиерот на Албанија Еди Рама се залага за организирање на меѓународна конференција на високо ниво за изноаѓање на решение за кризата на северот на Косово. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons