Просечна сметка за струја со ДДВ ќе поскапи за 2,5 проценти, евтината дневна тарифа доаѓа на 1 декември 

Цената на струјата, заедно со мрежарината, за најголем дел од домаќинствата ќе се намали од први јули. Но, истовремено ќе се зголеми данокот на додадена вредност од 10 на 18 проценти. Крајниот исход, според пресметките на Рагулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е зголемување на крајната цена во фактурите со просечна потрошувачка на електрична енетргија за 2,5 проценти.

РКЕ информираше и дека од 1 декември се воведува евтина дневна тарифа за електрична енергија од 13 до 15 часот. Со воведувањето на евтината тарифа, РКЕ пресмета дека ќе се намалат сметките за 5 проценти, што значи дека во декември потрошувачите може да очекуваат дури и пониски крајни цени и од сегашните.

И според тарифникот од 1 јули, продолжува политиката на регулаторот да се намалува цената за оние кои трошат помалку струја, а да се зголемува за оние кои недомаќински ја користат.

– Донесените одлуки по блокови за периодот на висока дневна тарифа се следниве: во прв блок има намалување на цената од 7,04 проценти, во вториот блок има намалување од 4,09, во трет блок зголемување од 2,54 проценти и во четрт блок зголемувањето е 2,42 проценти. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за нергија и за мрежарина за 4,26 процент, а со ефектот од зголемувањето на ДДВ од 10 на 18 проценти, ќе имаат зголемување од 2,5 проценти – изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Како што е познато, првиот блок е месечна потрошувачка до 210 киловат-часови, вториот блок е од 211 до 630, третиот е од 631 до 1.050 и четвртиот е над 1.050 киловат-часови.

Со вклучено ДДВ, зголемувањето на цената на фактурата за потрошената струја во прв блок ќе биде 0,28 проценти, во вториот 2,88 проценти, во третиот блок 9,99, а во четвртиот 9,87 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons