Единствениот воз на МЖ остана без нафта 

На проблемите на македонски железници им нема крај. Единствениот воз кој патуваше кон Битола, од вчера веќе не е во сообраќај. 

Причината е тоа што МЖ Транспорт нема нафта за возовите. Се сеќавате, пред неколку месеци за прв пат во историјата на македонски железници, МЖ Транспорт остана без ел. енергија, а сега остана и без нафта за возовите. Со тоа граѓаните на Пелагонија и Азот остануваат и без тој еден воз кој што го имаа на располагање. 

Тоа е тој расипнички и понижувачки однос што го има оваа власт кон железниците во Македонија. Тоа е таа неспособност.

Но, добро е што останува уште многу малку време од нивното владеење. После промената на власта ќе има одговорност за сите кои учествувале во уништувањето на железниците во Македонија. После промената на власта ќе следуваат вистински реформи и повторно ставање на железницата на колосек.

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons